Воспоставен безвизен режим меѓу Македонија и Украина

Од вчера стапи во сила постојаниот безвизен режим меѓу Украина и Северна Македонија, објави денеска на Твитер државниот секретар во украинското Министерство за надворешни работи, Андриј Зајац.

– Стартот на безвизниот режим со Северна Македонија на постојана основа значи укинување на краткорочните и долгорочните (имигрантски) визи, наведува Зајац, додавајќи дека државјаните на Северна Македонија и на Украина, кои поседуваат биометриски пасоши, ќе можат слободно да патуваат во другата држава и да престојуваат во неа до 90 дена.

Украинската Влада на 21 август го одобри Договорот со земјава за условите за укинување на визниот режим со земјава. На 18 декември двете држави потпишаа Спогодба за укинување на краткорочните и долгорочните имигрантски визи, како и за старт безвизен режим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот