Ворен Бити во младоста / Фото: Profimedia

Славниот актер Ворен Бити обвинет дека силувал 14-годишно девојче пред 50 години

Кристина Шарлот Хирш го обвини актерот Ворен Бити за сексуален напад, сексуална повреда и злоупотреба што наводно се случиле во Холивуд пред 49 години, кога жртвата имала 14 години, а тој имал 35 години.

Во граѓанска тужба поднесена во понеделникот пред Врховниот суд во Лос Анџелес, таа го обвини Бити и неколкумина други дека „ги искористиле неговите положба и моќ како позната холивудска ѕвезда“ за да се здобијат со пристап до полесно манипулирање, искористување и присилување на сексуален однос со неа „во текот на неколку месеци“ додека живеела во Калифорнија. Хирш истакна дека наводните настани довеле таа да претрпи „тешка емоционална, физичка и психолошка вознемиреност, како и „понижување, срам и вина“, се вели во жалбата, што вчера ја доби „Тајмс“.

Хирш го запознала Бити на едно од неговите филмски снимања во 1973 година. Таа била воодушевена што поминува време со толку голема филмска ѕвезда, па затоа често одела во неговиот хотел. Тој ја возел со автомобил, ѝ помагал со домашните задачи и ѝ зборувал за губење на невиноста, пред да стапат во сексуални односи, тврди сега 63-годишната жена.

Таа верувала дека е во романтична врска со Бити, но во тоа време не се согласувала со неговиот „намерно повредувачки и штетен однос“, вели таа во документот.

Претставниците на Бити сѐ уште не одговориле на тужбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот