Вопке Хукстра именуван за нов еврокомесар за климата

Вопке Хукстра/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Советот на ЕУ денеска официјално го назначи поранешниот холандски министер за надворешни работи Вопке Хоекстра за нов еврокомесар за климатска акција по предлог на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Именувањето на Хукстра за периодот до крајот на мандатот на актуелната Европска комисија до 31 октомври 2024 година, следи по оставката на извршниот потпретседател на ЕК за Европскиот зелен договор и еврокомесар за климатска акција Франс Тимерманс, кој го напушти извршното тело на ЕУ за да биде лидер и кандидат за премиер на блокот на неговата Лабуристичка партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на предвремените парламентарни избори во Холандија следниот месец.

Согласно член 246 од Договорот за функционирање на Европската Унија, испразнетото место поради оставка на член на Комисијата се пополнува до крајот на актуелниот мандат со нов член од истата земја членка на Унијата.

Новиот еврокомесар го именува Советот на ЕУ, по заеднички договор со претседателот на Европската комисијата и по консултации со Европскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот