„Волшебната елка на желби”: Црвениот крст со подароци за децата од згрижувачки семејства

Фото: МИА

Во пресрет на празниците Црвениот крст на град Скопје денеска ќе ги додели подароците на децата од згрижувачки семејства кои своите желби ги запишаа на лампиони закачени на „Волшебната елека на желби” поставена во трговскиот центар „Рамстор Мол”.

“Волшебна елка на желби” е една од активностите која од година во година станува претпознатливо обележје за нашата организација, а граѓаните ја препознаваат како интересно случување Како и секоја така и оваа година Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, JУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од Комерцијална банка ја организираа оваа активност, наведуваат од Црвениот крст.

Елката, на која децата ги зкачија лампионите со нивните желби, беше поставена во трговскиот Ramstore Mall, а хуманите граѓани, општествено одговорни компании, поддржувачи на активностите на Црвен крст на град Скопје истите ги остварија.

–Да се обидеме сите заедно да ги направиме волшебни новогодишните празници на децата сместени во згрижувачки семејства, но и да ја поддигнеме свеста на граѓаните за формата згрижување како позитивен пример во нашето општество, апелираат од Црвн крст на град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот