Володин ги предупреди Русите: Тие што бегаат од мобилизација ќе се соочат со законот

Вјечеслав Володин / Фото: © РИА Новости/Михаил Климентьев

Првиот човек на руската Дума, Вјачеслав Володин, на каналот Телеграм напиша дека Русите не треба да бегаат од земјата во обид да ја избегнат мобилизацијата и дека тоа им е забрането со закон.

„На граѓаните кои се евидентирани во воената евиденција, од моментот кога е објавена мобилизација, им се забранува да го напуштат местото на живеење без дозвола од воениот комесаријат. Таква законска норма постои и по неа треба да се раководат сите воени обврзници”,напиша Володин на социјалната мрежа .

Русите веќе една недела масовно бегаат од земјата откако претседателот Владимир Путин прогласи делумна мобилизација.

Британското разузнавање денеска соопшти дека бројот на руски бегалци веројатно ја надминува големината на вкупните сили со кои Русија ја почна инвазијата врз Украина во февруари 2022 година.

Меѓу оние кои се обидуваат да ја напуштат Русија, има претежно богати и образовани, додаваат разузнавачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот