Војниците се заблагодарија за покачените плати, но бараат чизми и униформи
Пофалба до Министерството за одбрана за покачувањето на платите во Армијата, за решавањето на станбенето прашање и за решението за вработување на 74-та генерација од Армијата во затворската полиција, упати денеска Независниот синдикат на професионални војници на Македонија (НСПВМ).
Препорачано
Од Синдикатот најавија и протест доколку не се најде решение за 75-та генерација војници, кои навршуваат 45 години старост, со барање да бидат превземени во Граничната полиција.
– Во текот на 2017 година НСПВМ со Владата се договори 75-тата генерација во Армијата да бидат префрлени во Граничната полиција. Бидејќи тоа не е реализирано, а рокот се ближи, НСПВМ на 23 ноември в сабота со припадниците на Армијата ќе протестира пред Владата за да ја потсети на договореното – истакна претседателот на Синдикатот, Аднан Алити.
Од Синдикатот побараа и поскорешно решение за проблемот со униформите, бидејќи како што нагласи Алити, војниците веќе три години се со позајмени униформи, но без чизми.
Тој апелираше до Министерството да ја покачи и деневницата, која според него, 20 години изнесува 610 денари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
7час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


