ВО ЖИВО: Прес-конференција на министрите Османи, Захариева и Мас

epa08731290 Bulgarian Foreign Minister Ekaterina Zaharieva (R) welcomes North Macedonia's Foreign Minister Bujar Osmani (L) in Sofia, Bulgaria, 09 October 2020. Osmani is on an official visit in Sofia. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Прес – конференција на министрите за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, на Бугарија Екатерина Захариева и на Германија Хајко Мас во рамки на Берлинскиот процес.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева денеска копретседаваат со состанокот на министрите за надворешни работи од Берлинскиот процес за Западен Балкан, во рамки на копретседавањето на процесот од страна на Северна Македонија и Бугарија.

Средбата на шефовите на дипломатиите претходи на средбата на врвот на процесот утре во Софија, на кој ќе бидат лансирани новиот Акциски план за воспоставување Заеднички регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан, кои беа подготвени под водство на Европската комисија и Советот за регионална соработка

Поради ситуацијата со Ковид-19, средбата на министрите за надворешни работи е организирана преку видеоконференциска врска, чиј домаќин е бугарското МНР.

Берлинскиот процес е политичко-дипломатска иницијатива, која почна во август 2014 година од страна на германската канцеларка Ангела Меркел.

Учесниците во процесот се земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, а нејзини коспонзори и поддржувачи се неколку земји членки на ЕУ како Германија, Франција, Австрија, Италија, Велика Британија, Полска, Грција, Хрватска, Словенија и Бугарија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот