Фото: Град Скопје

Во завршна фаза е уредувањето на новиот парк од 5.000 метри квадратни во населба Ченто

Уредувањето на новиот парк во населбата Ченто, кој се протега на површина од 5.000 квадратни метри, е во завршна фаза, информираат од Град Скопје. Оттаму велат дека новата парковска површина на улицата Јужноморавски бригади, кај каналот во општината Гази Баба, наскоро ќе стане омиленото место за рекреација и пријатен престој на отворено за посетителите од сите генерации.

– Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве завршија со хортикултурното уредување на оваа нова парковска површина. Притоа, беше извршено целосно расчистување на теренот, фрезирање и пополнување на површината со квалитетна хумусна почва со песочни примеси, рамнење на почвата, спроведување систем за полевање, формирање тревник со сеење и валирање на тревно семе – стои во соопштението на Град Скопје.

Инаку, паркот е збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво, кои со својата форма и намена го дополнуваат изгледот и содржините во новиот парк.

– Екипите на ЈП „Улици и патишта“, пак, деновиве се во завршна фаза за изградба на новите пешачки и пристапни патеки во паркот. На патеките е извршен ископ на земјен материјал, поставени се рабниците и тампонскиот слој и во зависност од временските услови деновиве ќе биде асфалтирана и површината на сите патеки. Во новиот парк ќе има една главна пешачка патека и три пристапни патеки со вкупна површина од 400 квадратни метри. Покрај патеките, на повеќе локации ќе се постави и остана урбана опрема соодветна за парковската површина – информираат градските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот