Во вторник мандатот на Груевски пред пратениците

На вторник наредната недела пратениците ќе расправаат за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој избега во Унгарија и доби азилантски статус.На собраниската седница број 102 ова е прва точка на дневниот ред.

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања донесе предлог за одземање на мандатот на  Груевски, поради неоправдано отсуство на пратеникот повеќе од шест месеца. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на седницата на собраниската комисија го правдаа Груевски дека не бил во можност да го оправда своето отсуставо бидејќи владеачкото мнозинство не го дозволувало тоа. Кога се гласаше за предлогот за одземање на мандатот пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.

Откако комисијата го изгласа предлот за одземање на мандатот Груевски преку Фејбук соопшти дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција, на што имаше реакции дека оставката мора да ја поднесе лично во Собранието.

Инаку од државниот буџет иако не се даваат пари за плата на Груевски, сепак редовно му се плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот