Во велешката болница почина уште еден пациент како последица од Ковид

Болницата во Велес / Фото: Архива на „Слободен печат“

– Во велешката болница утринава починал маж на 81 година од Велес потврден позитивен на Ковид, a  26 пациенти се на кислородна поддршка.

Како што информира портпаролката д-р Весна Неделковска Николова, во велешката Општа  болница на три одделенија со ковид пациенти хоспитализирани се вкупно 76 пациенти од нив, 68 потврдени позитивни, шест сомнителни и двајца негативни. На Инфективно одделение има  48 пациенти, на Физикална 19 и на Интерно 9 пациенти. 
Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот