Во Велес синоќа најмногу прекршувања на полицискиот час

Од сите сите четири дена од продолжениот полоциски час на подрачјето на СВР Велес, најмногу прекршувања имало синоќа и тоа 14, а  од кои најголем дел на прекршителите девет биле на подрачјето на Велес, во Неготино четири и во Кавадарци само еден.

Бројот на лица во самоизолација во Велес денеска изнесува 65 лица. Во петокот биле 50, а во саботата останале само 18, во неделата пораснал на 39,  а вчера се зголемил на  52 лица.

Ова е последица на зголемениот број на заразани од Ковид-19 изминатиот продолжен викенд, кога во саботата бројката во Велес  се зголеми со 12 новозаразани, во неделата за уште тројца и вчера за плус уште еден новозаразен.Вкупно до вчера во Велес  се регистрирани 59 заразени со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот