Во Велес се снима документарен филм за Ромите

Во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми”, финансиран од средства од Европската Унија, претставници на Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар – ЗРДИЦМ”, од Скопје неделава почнаа со снимање на документарен филм за животот на Ромите од Велес.

Освен снимање на терен во велешката населба Рамина и други високи делови од левата страна на градот каде живеат Роми, членовите на ова здружение денеска снимаа и разговор со градоначалникот Аце Коцевски и претставници од други јавни институции во градот.

Коцевски се осврна на предизвиците со кои се соочуваат Ромите, но и начинот на нивно решавање од страна на локалната власт.

– Општина Велес работи на процесот на легализација на станбените куќи и населби во кои живеат Ромите за попристоен и подобар живот – појасни Коцевски.

Тој нагласи дека Општина Велес работи на решавање на нивните инфраструктурни прашања и сите проблеми, со кои се соочуваат членовите на оваа заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот