Во Украина се уапсени Македонец, Србин и Црногорец по обид за убиство (ВИДЕО)

Украинските власти ги уапсиле напаѓачите вклучени во обидот за убиство на наводниот водач на кавачкиот криминален клан, Радоје Звицер. Станува збор за државјани на Црна Гора, Северна Македонија и Србија, пишуваат украинските медиуми.

Како што објавија медиумите синоќа, две непознати лица пукале во Звицер, а нападот се случил во близина на елитен станбен комплекс во украинската престолнина.

– Главните причини за обидот за атентат биле криминалните активности на жртвата, можното прераспределување во злосторничката организација, како и меѓу балканските криминални кланови кои ја контролираат трговијата со дрога, рече првиот човек на Националната полиција на Украина, Игор Клименко.

Напаѓачите се обиделе да избегаат, но во еден момент се обиделе и да го запалат автомобилот во кој се наоѓале. При палењето еден од напаѓачите се здобил со изгореници.

Бандітоси-підпалювачіСьогодні на Новопечерських Липках сталася стрілянина – двоє озброєних осіб скоїли замах на вбивство по вулиці Драгомірова, 15. 37-річного потерпілого було госпіталізовано. По місту Києву було оголошено про спеціальну поліцейську операцію «Сирена» по розшуку та затриманню цих осіб. Якимось чином особи дізналися, що їх шукають, а тому вирішили підпалити своє авто, але разом із автівкою трохи і себе підсмажили ??‍♂️?

Publiée par Киев Оперативный sur Mardi 26 mai 2020

Полицијата успеала да ги пронајде преку камерите за видео-надзор.

Обвинетите во моментот се приведени во согласност со член 208 од Кодексот за кривична постапка на Украина, а истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот