Во угостителски објекти во Кочани и Пробиштип затекнати гости по 18 часот

Сообраќај / фото МИА

Угостители од Кочани и Пробиштип не ја почитувале мерката на Владата, за работа до 18 часот.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека вчера во двата угостителски објекта биле затекнати гости.

Во кочанскиот угостителски објект гостите биле затекнати по 20 часот. Додека во Пробиштип по 18 часот. Полициските службеници го лишиле од слобода 44 годишниот И.М сопственик на угостителскиот објект, кој е лоциран на градскиот плоштад во Пробиштип.

Против сопствениците на двата угостителски објекта во Кочани и Пробиштип ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот