Во учебник по социологија се вели: Необразованите Роми, Турци и Албанци немаат контрола на раѓањето

Во учебник по социологија за  втора година гимназиско образование е наведена содржина која се однесува на наталитетот на државата и истиот е објаснет со тврдење дека „висока стапка на  раѓање е забележана кај Ромите, Албанците  и Турците“ и  дека „во врска со  тоа треба да преземат мерки и треба да се најде начин наталитетот  да се доведе  во нормални рамки“.

“Голем процент од ова население а посебно некои  што не се доволно обраованин се репродуцираат на стар, традиционален начин без  свесна контрола на раѓањето. Во врска со тоа треба да се преземат мерки  и треба да се најде начин наталитетот да се доведе во нормални рамки“, пишува во учебникот.

Исто  така  авторите  пишуваат  дека „кај оние етнички групи (Македонци), каде  што природниот пораст на населението е низок, треба да  се стимулира бидејќи пропорцијата на наталитетот присутен кај  различните  етнички групи негативно се одразува на политички, економски  и социјален план“.

Автори на учебникот се Велко  Стојановски,  Зоран Матевски и Милева Ѓуровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот