Во тек е конкурсот за книжевната награда „Роман на годината“

Фондација „Славко Јаневски“

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“, кој трае од 15 декември 2023 до 15 јануари 2024 година.

Право на учество имаат романите што за првпат се објавени на македонски јазик во 2023 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот, или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје. Пожелно е и доставување романи во електронска верзија на адресата: [email protected].

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Петчлената комисија е обврзана да ја донесе одлуката за добитникот на наградата најдоцна до 15 март 2024 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе се додели по јубилеен 25-ти пат.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 212, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 06-08.01.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот