Во тек е конкурсот на ДПМ за поетската награда „Даница Ручигај“

Друштвото на писатели на Македонија традиционално го распишува конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година. Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од ноември 2020 година до крајот на септември 2021 година.

Со оглед на моменталната ситуација со ковид-19, пожелно е авторките и издавачите да ги достават книгите во електронска форма на адресата на ДПМ – [email protected] (со назнака за конкурсот за наградата „Даница Ручигај“) или да достават по еден примерок во канцеларијата на ДПМ, најдоцна до 15 октомври 2021 година, посочија од ДПМ.

Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 100, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-11 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот