Во Стразбур: Прва награда за „Егзит“ на Боро Рудиќ

Македонскиот фотограф Боро Рудиќ jа освои првата награда во делот за издаваштво за неговата фотомонографија „Егзит“ (Exit) на овогодишниот фотоекспо-фестивал „Рандеву имаж“ во Стразбур, Франција. Фотографиите во книгата „Егзит“ се поделени во четири целини: Влез (во град), Пораки (на градот), Излез и Финиш. Преку нив авторот го искажува својот став кон животот во современите градови, кој води кон отуѓување и укажува на потребата да се излезе од нив, во потрага по нешто подобро, што треба сами или, пак можеби, сите заедно да го откриеме.

– Иако „Егзит“ е приказна за градот, пред сè, се однесува на животот и порачува дека не треба да се плашиме од промени, дека секогаш постои подобра алтернатива што треба само да ја побараме – вели Боро Рудиќ.

Фестивалот се одржал од 24 до 26 јануари во Конгресната палата во Стразбур, каде биле прикажани околу 800 фотографии и 44 фотокниги, кои влегле во финалната конкуренција. На фестивалот биле прикажани само делата што поминале низ ригорозната селекција на арт-директорот Вероник де Вигери.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 17, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 февруари 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот