Во согласност со желбата на Доналд Трамп да стави крај на „бесконечните војни” бројот на американски војници во Авганистан и во Ирак е намален на 2.500

epa08827216 (FILE) - US soldiers attends a training session for Afghan Army soldiers in Herat, Afghanistan, 02 February 2019 (reissued 18 November 2020). Media reported that US President Donald J. Trump plans to withdraw 2,000 US troops in Afghanistan.

Шефот на Пентагон, Кристофер Милер, денеска соопшти дека бројот на американски војници во Авганистан е намален на 2.500, како и во Ирак, во согласност со желбата на претседателот во заминување Доналд Трамп да стави крај на „бесконечните војни”.

„Денеска САД се поблизу од кога и да е да стават крај на речиси 20 години војна“, наведе в.д министерот за одбрана во соопштение. Тој беше назначен на оваа функција во почетокот на ноември по разрешувањето на неговиот претходник Марк Еспер, кој се двоумеше да го забрза повлекувањето на американските трупи.

Милер рече дека 2.500 војници се доволни да се спротивстават на екстремистичките групи во Авганистан и да ги обучат силите на авганистанската влада.

„Со 2.500 луѓе, командата го има потребното за да ја заштити Америка, нашето население и нашите интереси”, рече Милер, додавајќи дека целосно повлекување ќе зависи од безбедносните услови.

Во Вила Водно пред пат за Норвешка и Авганистан: Медицински тим во мисијата „Одлучна поддршка” на средба со Пендаровски

Кога станува збор за намалување на бројот на војници во Ирак, Милер рече дека и таму е намален бројот на американски воени сили на 2.500, што, според него, го одразува зголемувањето на капацитетот на ирачката армија.

Извор:МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот