Во САД претресени куќите на Олег Дерипаска, милијардерот близок на Путин

Агентите на Федералното истражно биро (ФБИ) ја опколија куќата на рускиот олигарх Олег Дерипаска во Вашингтон/ Фото: Википедија

Агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) денеска извршија претрес во неколку куќи во сопственост на рускиот олигарх Олег Дерипаска во Вашингтон, јавија американските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на безбедносната агенција.

Репортерот Том Винтер напиша на Твитер дека федерални агенти се наоѓаат пред куќата на Олег Дерипаска, а пристапот до објектот е блокиран.

Причината за нивното присуство не е позната. Портпаролот истакна дека агенцијата го спроведува законот, но не даде повеќе детали за акцијата.

Путин и Дерипаска на самит во Виетнам во 2017 година / фото: ЕПА

Претставниците на ФБИ засега не соопштуваат која е причината за рацијата во домот на Дерипаска, кој е сопственик на моќната енергетска компанија Ен+ и гигантот во производство на алуминиум, Русал.

Милијардерот е под санкции од САД од 2018 година, кога американската влада им забрани на компаниите од САД да прават зделки со неговите фирми. Според американското министерство за финансии, Дерипаска уште тогаш бил под истрага за перење пари, но и поради тоа што „им се заканувал на животите на бизнис-ривали, нелегално прислушувал владин службеник, а учествувал и во изнуди и рекетирање“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот