Во пресрет на славите и празниците: Еве како правилно се поставува трпезата

Фото: Профимедиа

Порано се посветуваше многу внимание на поставувањето на трпезата, за се да биде на свое место.

Во брзиот и напорен ден, тешко е да стасаме и да се соберете заедно да јадеме, а уште и да размислуваме за поставување на трпезата. Меѓутоа, во деновите на славите и празниците кои не очекуваат, можеме да се посветиме и на уредување на трпезата.

Свечено поставената трпеза вклучува неколку делови: покривка за маса, подметачи за садови (ако сте за оваа варијанта), чинии за супа, чинии за салата, чинии за леб, салфетки, вилушки за салата, вилушки за вечера, ножеви, лажици за супа, лажици за десерт, чаши за вода, чаши за црвено вино и чаши за бело вино.

Како правилно да ја поставите трпезата во свечени прилики?

Менито на прославата е прилично пошироко и покомплексно од вообичаеното, така што ќе бара и повеќе садови и додатоци, како прибор. Сите овие садови треба да бидат добро организирани.

Пред секој гостин се наоѓа долна голема плитка чинија од која не се јаде, туку на неа се служи онаа чинија што се служи од која ќе се јаде. Вилушката за јадење, салатата и големата вилушка за главното јадење се наоѓаат на левата страна од чинијата, додека лажицата и ножот се на десната страна од чинијата.

Над чинијата се наоѓаат лажица и вилушка за десерт, на десната горна страна стои чашата за вода, вино. Од левата страна се става садот за салата и чинија леб.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот