Во погодената нуклеарната постројка Натанз имало „мало истекување“, вели Техеран
Портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Бехруз Камалванди, во петокот изјави дека „имало мало истекување“ во нуклеарниот објект во иранскиот нуклеарен погон Натанз, кој беше цел на израелски воздушен напад претходната ноќ, пренесоа регионалните медиуми.
Препорачано
Камалванди рече дека контаминацијата не се проширила на надворешната средина, објави иранската државна новинска агенција Ирна.Делови (од нуклеарната централа) во Натанц претрпеа претежно површински оштетувања, бидејќи главниот дел од централата е под земја.
„Имаше многу мало истекување во внатрешноста на централата, кое не се прошири на надворешната средина на никаков начин, така што луѓето можат да бидат сигурни дека нема проблем со контаминација“, изјави тој.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја започнаа операцијата „Подемот на лавот“ ноќта меѓу четврток и петок, во која воздухопловните сили нападнаа воени цели и локации на иранската нуклеарна програма за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје.
ВИДЕО: Иран утрово започна нов напад со ракети, сирените повторно ечат низ Израел


