Во овие скопски општини има најмногу заразени лица со ковид-19

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, во главниот град досега има 1.983 случаи, активни се 1.983.

Најголем број на активни случаи во скопските општини има Чаир – 424, потоа следат Аеродром – 154, Бутел – 163, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 167, Сарај – 148, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, двајца се странци и 11 се нераспределени.

Во целата држава има вкупно 3.583 активни случаи, а вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува  6.787. Оздравени се 2.876 пациенти, а починати 328.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот