Во Њујорк штрајкуваат повеќе од 7.000 медицински сестри

Штрајк медицински сестри / Фото Bjanka Kadic / Alamy / Alamy / Profimedia

Илјадници медицински сестри во две њујоршки болници штрајкуваат откако преговорите заглавија поради проблеми со платите и персоналот, што предизвика одложување на процедурите и термините во една од установите.

Во штрајкот учествуваа повеќе од 7.000 медицински сестри во медицинскиот центар Монтефиоре во болницата Бронкс и Маунт Синај во Менхетен, соопшти Здружението на медицински сестри од државата Њујорк.

Пандемијата со Ковид-19, заедно со бројните случаи на респираторен вирус и овогодинешната сезона на грип, го оптоварија здравствениот сектор во најнаселениот град во државата, создавајќи тензии меѓу медицинските сестри и нивните работодавци.

Бараме безбеден кадар и квалитетна грижа за пациентите. Мислиме дека не бараме премногу, изјави претседателката на Здружението на медицински сестри на државата Њујорк, Ненси Хаган

Болниците вчера објавија во посебни изјави дека на медицинските сестри им е понудено зголемување на платите за 19,1 отсто.

Медицинскиот центар Монтефиоре, исто така, соопшти дека има намера да отвори повеќе од 170 нови работни места за медицински сестри.

Од таа болница додаваат дека штрајкот ја принудил да ги одложи сите операции и интервенции што не се неопходни и да ги одложи термините во амбулантите.

Откако започнаа преговорите пред четири месеци, синдикатот успеа да постигне договори или нови договори за медицински сестри во седум други болници во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот