Просечната нето-плата во февруари годинава изнесувала 39.276 денари

Пари/ Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39 276 и во однос на февруари минатата година е повисока за 16,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари.

Според инфорамациите на Државен завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 проценти), Административни и помошни услужни дејности (22,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (20,4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,1 процент), Рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот