Во МВР пријавени три пожари, извршен е увид
Пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а извршен е и увид.
Во текот на вчерашниот ден во МВР пријавени се три пожари – во барака и во викенд – куќа во Скопје и во рибарница во Битола, каде на едно лице му била пружена медицинска помош.
Препорачано
Првиот пожар во Скопје е пријавен во 21.40 часот во СВР Скопје, а избувнал во барака во која била сместена Месната заедница „Дексион” на ул.„Андреа Зограф”.
Во СВР Скопје вчера вториот пожар бил пријавен во истиот термин од Бригадата за противпожарна заштита, а избувнал во викенд-куќичка на ловно друштво на ридот во атар над скопското село Страчинци.
Во ниту еден од двата пожара нема повредени лица. Пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а извршен е и увид.
Во СВР Битола, пак, вчера во 11 часот било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски”, во рибарница во рамки на битолскиот пазар, избувнал пожар по експлозија на плинска боца. Вработената А.К.Т.(28) од Битола била префрлена во Клиничката болница Битола, а потоа била пуштена дома. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
15час
-
17час
-
20час
-
20час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


