Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во март годинава се пониски за 2,8 отсто на месечно ниво, а повисоки за 0,8 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторните бензини во март годинава е повисока за 4,9 отсто на месечно ниво и за 3,9 отсто на годишно ниво, додека на дизелот е пониска за 4,5 отсто на месечно, а повисока за 0,7 отсто на годишно ниво.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Тие се повикуваат на движењето на овие трошоци во калкулациите при склучувањето на градежните договори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот