Во Македонија нема да има анални тестови за ковид-19
Во Македонија засега нема да се користат анални тестови за детекција на коронавирусот како што тоа се прави во Кина. Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека нашата земја ги следи препораките на Светската здравствена организација што значи дека се користат само ПЦР тестовите и брзите тестови за детекција на САРС-КоВ- 2.
Во меѓувреме, инванзивната техника со вметнување на брис во анусот на пациентот во Кина предизвикува шок и негодување кај 80 проценти од анкетираното население, кое се жали дека му е нарушено достоинството.
Иако Кина не се откажува од брисевите за детекција на коронавируст од носот и грлото, сепак воведе и ректални брисови за детекција на коронавирусот кај луѓе со висок ризик и оние кои се во карантин.
Досега на овој метод на потврдување на ковид-19 изложени биле и 1000 деца и наставници за кои имало сомнение дека биле изложени на вирусот. Сепак, употребата на овие брисови е ограничена зашто е инванзивна и исклучително непријатна.