Во кој период од денот жените и мажите се најрасположени за секс?

Фото: Pexels/Ketut Subiyanto

Мажите и жените се навистина различни на многу начини, а експертите открија и дека во зависност од полот, тие се најрасположени за секс во сосема различни периоди од денот.

Дали некогаш сте посакале да водите љубов со партнерот, а тој не бил расположен? Сигурни сме дека ова ви се случило барем еднаш, а веројатно и повеќе пати. Причината за тоа треба да се бара во многу фактори, а еден од најважните е фактот што мажите и жените генерално не се расположени да водат љубов во исто време од денот.

Речиси 70 отсто од жените се пожалиле дека нивните партнери не се расположени за секс кога им било најзгодно да водат љубов. По една спроведена анкета, резултатите покажале дека мажите претпочитаат да го започнат денот со секс. Најрасположени за оваа активност се меѓу 6 и 9 часот наутро. Поточно, кога би го пресметале просекот на нивните одговори, ќе испадне дека 7 часа и 54 минути наутро е идеално време за секс.

Жените се сосема спротивно. Врз основа на истражувањата, тие претпочитаат да водат љубов навечер, помеѓу 23 и 2 часот по полноќ. Во просек најрасположени се во 23 часот и 21 минута.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека машкото и женското либидо не се синхронизираат навреме, но тоа не значи дека вие и вашиот партнер никогаш нема да најдете момент кога и двајцата сакате секс.

Особено кај жените, расположението зависи од многу фактори, а особено од тоа каков однос имаат со партнерот и како тие самите се чувствуваат во сопственото тело. Либидото зависи и од активноста на хормоните и начинот на живот.

Партнерите можат да уживаат во сексот без оглед на времето од денот, доколку и двајцата се физички и психички здрави, се чувствуваат добро и имаат добра меѓусебна врска, полна со грижа и почит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот