Во кои европски земји најрано одите во пензија, а каде треба да работите најдолго?

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На возраст помала од 65 години, целосна пензија уште може да се добие во Словачка, Чешка, Латвија, Литванија и Малта. Во Македонија во пензија се оди со навршени 62 години за жени и 64 годишна возраст за мажи. Осигуреникот мора да има најмалку 15 години пензиски стаж.

Во повеќето земји од Европската Унија редовната старосна пензија се зема на 65 години. Сепак, со зголемувањето на животниот век, многу од нив ја подигнаа границата или планираат да го сторат тоа. Франција има најниска возраст за пензионирање со 62 години и три месеци. Минатата година оваа пензионерска оаза по големи протести донесе реформа со постепено зголемување на границата за добивање пензија од 62 на 64 години до 2032 година.

На возраст помала од 65 години, целосна пензија сè уште може да се добие во Словачка, Чешка, Латвија, Литванија и Малта. Во Македонија во пензија се оди со навршени 62 години за жени и 64 годишна возраст за мажи. Осигуреникот мора да има најмалку 15 години пензиски стаж.

ВИДЕО | Пензионерите масовно на протест: Си играат мајтап со нас, бараме итно покачување на пензиите по 3.500 денари еднакво за сите

 

Од друга страна, Бугарија, Италија, Грција и Данска имаат најрестриктивни услови за пензионирање, каде што е неопходно да се наполни 67 години,

Многу земји донесоа одлуки за постепено или еднократно зголемување на пензискиот лимит во следните десет години. Генерално, границата се зголемува на 67 години, а Данска веќе одлучила да ја зголеми на 69 години во 2035 година, пишува Политика.рс.

Во исто време, некои земји ја поврзаа возраста за пензионирање со зголемувањето на животниот век. Овој механизам се користи во Финска, Данска, Кипар, Естонија, Грција, Италија, Холандија, Португалија и Словачка. Во неколку земји, вклучително и Хрватска, старосната граница за жените е помала, но постепено се зголемува со тенденција во блиска иднина да се изедначи со возраста на мажите.

Одредени земји (Финска, Норвешка, Шведска) имаат флексибилна старосна граница. Тоа значи дека едно лице може да добие пензија во одреден опсег на години.

 

Курти: Околу 70.000 пензионери кои немаат 15 години стаж отсега ќе добиваат делумна пензија

Во многу земји, можно е предвремено пензионирање. Ова е обично помеѓу две и пет години под законската старосна граница. Возраста за привремено пензионирање кај мажите варира од 59 години во Литванија до 63,7 години во Германија, се вели во извештајот на ОЕЦД. За жените, тоа се движи од 58 години во Литванија до 63,7 години во Германија.

По правило, предвременото пензионирање значи и помала пензија. Во некои земји одењето во привремена пензија е условено со години стаж, доколку периодот на осигурување е долг, предвреме исплатената пензија не се намалува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот