Во Кисела Вода обновени две улици и направен нов паркинг

Фото: Општина Кисела Вода

Во општина Кисела Вода, во населбата 11 Октомври – згради се реконструирани две улици и е обезбеден дополнолнителен простор за паркирање во близина на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.

Со асфалт и павер елементи уредивме 1800 квадрати површина на улиците „Народни Херои” и „Пушкинова”, сообрaќајници кои се во непосредна близина на ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”. Овој настан е уште една потврда дека заложбите за надминување на сообраќајните предизвици со кои се борат сите урбани заедници и понатаму остануваат да бидат високо на листата од моите приоритети на делување како градоначалник – вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој информира дека со новите 40-тина паркинг места на овој простор, бројот на новоизградени паркиралишта за две години се искачил на 1320.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот