Во Кинотеката почнува „Кино утро 2023“ за мали и големи деца

Почнувајќи од 12 јануари (четврток), со по три филмски проекции дневно во попладневните и вечерните часови, Кинотеката и оваа година останува верна на традиционалното „Кино утро“, кое се одржува за време на зимскиот распуст.

Годинава во Кинотеката доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно Џек Скилингтон и Гру засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал – крокодилот Лил, вечно младиот Кашеј, малиот Финик и Макс и неговата бесна дружина.

На програмата се шест наслови наменети и за мали и големи деца, а и за сите оние што се чувствуваат млади во срцето, без разлика на возраста.

Во рамки на програмата на „Кино утро 2023“ се филмовите: „Лил, лил, крокодил“ (игран филм, 2022 г., 106 мин., колор, ДЦП) во режија на Џош Гордон и Вил Спек; „Кошмар пред Божиќ“ (анимиран филм, 1993 г., 76 мин., колор, ДЦП) во режија на Хенри Селик; „Кашеј: Крадец на невести“ (анимиран филм, 2022 г., 106 мин., колор, ДЦП) во режија на Роман Артемјев; „Авантурите на Финик“ (анимиран филм, 2022 г., 85 мин., колор, ДЦП) во режија на Денис Чернов; „Мињони: подемот на Гру“ (анимиран филм, 2022 г., 90 мин., колор, ДЦП) во режија на Кајл Балда, Бред Ејблсон и Џонатан дел Вал; и „Макс и бесната дружина“ (игран филм, 2020 г., 87 мин., колор, ДЦП) во режија на Винфрид Елснер.

Филмовите ќе бидат прикажувани во периодот од 12 до 21 јануари 2023 година со по три проекции дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот