Фото: Царинска управа

Во камионот натоварен со пресувана хартија на „Богородица“ имало скоро 200 килограми марихуана

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера (12.02.2025) на граничниот премин „Богородица“ беа запленети 188,6 килограми марихуана, соопштија денеска од МВР, додавајќи дека на тој начин е спречен меѓународен канал за шверц на дрога.

„Тревата“, според МВР, требало да заврши во Турција. Уапсени се двајца возачи на камионот и против нив е поднесена кривична пријава.

Возачите, едниот од Тетово, а другиот од кумановско, на 8 февруари влегле во државата на преминот „Блаце“ од Косово, со камионот, а следниот ден едниот од нив го презел камионот и од место меѓу Куманово и Крива Паланка, тргнал кон „Богородица“. На граничниот премин е извршена детална контрола на камионот, при што помеѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата на црниот пазар изнесува 707 илјади евра, пресметале Царината и полицијата.

Пронајдена дрога во камион товарен со хартија за рециклирање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот