Во издание на „Перун Артис“ објавен е превод на книгата „Ти си поезија“ од Патрис Павис

Насловна корица на книгата

Неодамна од печат излезе романот „Ти си поезија“ од големиот француски театролог Патрис Павис во издание на „Перун Артис“ и во превод од француски јазик на Катица Гароска Ацевска.

Овој исклучително комплексен роман на многу чуден начин ја метаболизира поезијата со прозата и на таков начин Патрис Павис создава многу автентично прозно дело во кое поезијата е координата врз која се повлекуваат линиите на животните приказни на сите ликови.

Говорејќи за една животна суштественост, овој роман говори за она што на сите нас овде, на овие простори, ни е толку далечно: поезијата. Романот, кој, исто така, има мошне двозначен наслов „Ти си поезија“, говори за лечебната моќ на стихот, но зборува и за недоразбирањето на човекот со својата друга духовна половина: а тоа е разбирањето.

Како голем театролог и промислувач на театарот, Патрис Павис секогаш бил обемен и комплексен во своите есеи и научни согледби. Така е и во романескната структура. Тој ѕирнува во поезијата на многу поети одвојувајќи ги нивните бесмртни стихови за да ја потенцира моќта на убавиот збор иако повремено, додека го читате романот, тоа ќе ви се причини утописки.

Но, сепак, прекрасниот раскажувачки стил нé наведува да поверуваме дека зборот има големо влијание во текот на човечкиот развој не само како средство за разбирање, туку и како лек, како момент на пресврт, на одлука и на среќа.

„Ти си поезија“ е совршено автентичен роман кој излегува од длабоките размисли на Патрис Павис за влијанието на книжевноста во животот на човекот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 209, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17.12.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот