Во Грција одобрени богослужби во црквите зад затворени врати

Со заедничка одлука на министрите за образование и религија и здравство, сите религиозни објекти во Грција ќе бидат затворени за јавноста, но дозволени се литургии зад затворени врати, во периодот од 12 до 20 април 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно одлуката, богослужбите пред и за Велигден во црквите во Грција ќе се одржат без присуство на верници, но со можност да се пренесуваат во живо на радијата, телевизиите или преку интернет.

Со одлуката на надлежните министри во рамките на превентивните мерки за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на коронавирусот, се забрануваат „присуство на јавноста, богослужби, ритуалите и сите видови верски церемонии во сите верски објекти”, во целата држава, без разлика на религијата, големината и капацитетот.

Додека пак, дозволени се богослужби зад затворени врати, исклучиво религиозно лице и помошници, чија бројка не смее да биде над четири лица.

Истото важи и за манастирите, забранети се индивидуални или групни посети, но дозволени се богослужби без присуство на јавноста.

Со синоќешната одлука, грчката влада всушност го прифати и одобри предлогот на Светиот синод на Грчката Православна црква од минатата седмица свечените литургии за време на седмицата пред Велигден да се одржат скромно, без мегафони и без биење на камбаните, зад затворени врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот