Во Бразил прогласена тридневна жалост поради смртта на Пеле

Фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda

Бразил прогласи тридневна жалост по повод смртта на легендарниот Пеле.

Во соопштението од Владата на Бразил се наведува дека Пеле бил важен граѓанин и патриот кој на најдобар начин го претставувал Бразил секаде низ светот.

Пеле почина вчера во болницата „Алберт Ајнштајн“ на 82-годишна возраст по долгата битка со ракот. Веќе беше и потврдено дека погребната церемонија ќе започне во 10 часот во понеделник на стадионот на Сантос каде што ќе биде изложено телото на Пеле и ќе трае во наредните 24 часа.

Светот ќе го памети Пеле како „крал на фудбалот“, а Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го прогласи за најдобриот во 20. век. Исто така магазинот „Тајмс“ го смести помеѓу 100 најважни личности во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот