ВИДЕО: Меси, Роналдо, Марадона, Кројф, Зидан, Роналдињо и многу други го копираат Пеле

фото: instagram.com/pele/

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња Едсон Арантес до Насименто Пеле не успеа да го победи ракот и за жал почина на 82-годишна возраст.

Ваквата вест е една од најтажните што се случија на најважната споредна работа во светот, па фудбалските фанови ширум планетата тагуваат за загубата на легендарниот Пеле.

Така еден од најпопуларните фудбалски сајтови на социјалните мрежи објави видео во чест на бразилскиот гигант.

– Пеле прв го направи тоа – кратко стои во описот на видеото, на кое се гледа како Едсон Арантес до Насименто ги правел сите финти, дриблинзи, шутеви, додавања и општи потези кои ја тераат публиката да дојде на стадионите пред многу други великани.

Видео записот покажува како години подоцна Пеле последователно беше копиран од играчи како Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Диего Армандо Марадона, Зинедин Зидан, Јохан Кројф, Роналдињо, Луис Назарио де Лима Роналдо и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот