Во бомбардирањето на Харков загинал човек кој претходно преживеал четири нацистички логори

Борис Романшченко/ Фото Твитер

Управата на Меморијалниот центар Бухенвалд во Германија соопшти дека маж кој преживеал серија концентрациони логори за време на Втората светска војна, бил убиен во петокот при руско бомбардирање на Харков, во кое била погодена неговата куќа.

Борис Романшченко (96) „активно водеше кампања за комеморација на злосторствата на нацизмот и беше потпретседател на Меѓународниот комитет Бухенвалд-Дора“, велат тие во серија објави на Твитер.

Меморијалната фондација Бухенвалд и Мителбау-Дора соопшти дека се длабоко погодени од веста за смртта на Романшенко. „Во текот на својот живот, тој активно водеше интензивна кампања во спомен на нацистичките злосторства и беше потпретседател на Меѓународниот комитет Бухенвалд-Дора“, велат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот