ВО 35 ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Градоначалници во борба за чист воздух

Фото: Profimedia

Неколку десетици градоначалници од сите континенти, поаѓајќи од борбата против климатските промени, се обврзаа дека ќе создадат услови за чист воздух и со тоа ќе влијаат на подобрување на здравјето на луѓето во градовите. Повеќе од 90 отсто од луѓето вдишуваат загаден воздух, што предизвикува болести и смрт, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Ројтерс.

Загадениот воздух годишно убива седум милиони луѓе, главно во градовите, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на Самитот Ц40 на светските градоначалници во Копенхаген.

Челниците на повеќе од 90 градови кои претставуваат преку 700 милиони ќуѓе и четвртина од светската економија, се сретнаа во данската престолнина оваа недела со цел да поттикнат акции против климатските промени.

Од Лос Анџелес до Токио, 35 градови се обврзаа дека ќе го исполнат минималното ниво на квалитет на воздухот според стандардите  на WHO до 2030 година, со што, како што наведоа, би можеле да се спасат 40.000 животи годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот