Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Внатрешните делови на угостителските објекти почнуваат со работа: Почитување на мерките и максимално одржување на хигиена (ФОТО)

Со посебни протоколи за работа и максимално почитување на мерките за претпазливост од Ковид-19, од денеска можат да работат и внатрешните делови во угостителските објекти ширум земјава.

По првиот бран од олеснувањето на рестриктивните мерки, кафулињата и рестораните кои имаат тераси добија дозволи за работа до 22.00 часот, а сега под посебно утврден протокол гости ќе можат да се примаат и во внатрешните делови.

Човек проаѓа покрај празен локал / Скопје, јуни 2020 /Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Исто како и за отворениот дел, така и во затворените делови на угостителските објекти вработените ќе мораат да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на рацете.

Се ограничува и бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки. Не е дозволено послужување на гости преку стоење на шанк и стоечки маси.

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во внатрешните делови останува да важи мерката за обезбедување на растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столчиња  може да седат и да се послужуваат максимум две лица.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Дозволен е максимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри, како и  задолжително поставување на дезинфекциско средство за раце на секоја маса.

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Според од она што го најавија од Влада, потребно е да се воведат засилени внатрешни контроли на вработените од страна на лице кое ќе биде одговорно за одржување на личната хигиена во сите фази на подготовка, прием и послужување на храната.

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На крајот на смената задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот.

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Останува забраната за организирање на прослави, како свадби, родендени, крштевки и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот