ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ да ги објави оригиналите на делата и на Јоаким Крчовски и на Кирил Пејчиновиќ

ВМРО Народна партија/Лого

ВМРО-Народна партија го поздравува канонизирањето на нашиот просветител Кирил Пејчиновиќ (Св. Кирил Лешочки) исто како и пред извесно време канонизирањето на просветителот Јоаким Крчовски (Св. Праведен Јоаким Крчовски Учител и Просветител).

Во таа насока за да се запознаеме подобро со нивните дела ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ во фототипски изданија да ги објави оригиналите на делата и на Јоаким Крчовски и на Кирил Пејчиновиќ.

Во исто време потенцираме дека е срам за македонската држава што дури по 78 години од постоењето зборуваме за овие двајца големи просветители, а нивните дела да не ни се достапни.

Сметаме дека канонизирањето на просветителите е добар повод за еден ваков чин, стои во партиското соопштение до јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот