ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на Кузеска: БРТ ќе го загрози водоснабдувањето на Скопје

Фото: Колаж на СП

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавите на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, тврдејќи дека БРТ на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов ќе го загрозело водоснабдувањето на Скопје и можело да предизвика сериозна хаварија.

„Според сите анализите изготвени, и изработениот идеен проект се укажува на бројни недостатоци и ризици врз животната средина но и врз квалитетот на живот кој ќе се наруши, ризици кои Градот не смее да ги дозволи во интерес на граѓаните“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека БРТ се нотира и дека на дел од маршрутата на БРТ се наоѓаат и тунели, за кои се стравува дека не би можеле структурно да ги издржат дополнителните градежни дејствија, но и зголемениот сообраќај.

БРТ требаше да поминува по централното зеленило во на булеварот Партизански одреди, под кое се наоѓа централната цевка за снабдување со вода на градот, врз која нема извршено никакви зафати за дополнително зајакнување и пристап. Имено доколку истата се зајакнува со дополнителни прегради тоа ќе чини дополнителни 20-тина милиони евра кои не се предвидени во проектот на Шилегов, но и ќе имаше потреба од регулирање на пристап до истата во случај на дефект, што исто така не е регулирано со проектот на Шилегов, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот