Фото: Фејсбук

ВМРО-ДПМНЕ мора да се обновува за да ја задржи власта, вели Андоновски

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување телевизијата „21“ вечерва рече дека по добиената апсолутна власт од ВМРО-ДПМНЕ, растат и обврските на партијата.

„Сега одговорноста е само на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните за поплаки имаат само едно име и презиме“, рече Андоновски, додавајќи дека ова бара дополнителна реформа и осовременување на партијата.

Тој посочи дека партиите кои сакаат да ја задржат власта мораат постојано да се обновуваат, како кадровски, така и програмски.

„Не може да останете исти засекогаш. Затоа е добар овој Конгрес за да ги исцрта параметрите за следниот мандат и за следните осум години во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе функционира и сум сигурен ќе ја води државата“, додаде министерот.

Андоновски истакна дека Конгресот, закажан на почетокот на декември, ќе донесе свежина, енергија и нови идеи кои ќе ја зацврстат партијата и нејзината способност да одговори на потребите на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот