ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја понижи Македонија во Солун, веднаш да поднесе оставка

„Едно збори пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија“, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, откако се појави снимка од неформален разговор меѓу лидерите пред вечерата на Самитот на земјите од Процесот на Југоисточна Европа.

Домаќинот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, на германскиот канцелар Олаф Шолц му ги претставува високите гости. Кога дојде ред за македонскиот премиер Мицотакис рече „Тоа е премиерот на Северна Македонија“, а албанскиот премиер Еди Рама, видно расположен и со чашка во раката, го дополни Мицотакис со зборовите „иден премиер на западна Бугарија“, по што следуваше смеење од присутните.

Еве ја реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ:

„Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања. Во стилот на измеќар од Македонските Народни Приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски. Потребно е Ковачевски поради оваа скандалозна изјава веднаш да си даде оставка и да се извини“, велат од опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот