ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со блокадата, партијата не гледа причина да се оди кај Џафери

Никола Мицевски
Никола Мицевски / Фото: Фејсбук, Никола Мицевски

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска не присуствувале на координацијата кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, бидејќи сметаат дека тој досега не се придржувал до она што било договарано и ги менувал одлуките во договор со партиите од власта.

Вакво објаснување во изјава за државната агенција МИА даде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, откако денеска не се појави на координацијата, прва по колективниот одмор на пратениците.

„Не гледаме причини да одиме. Она што се договараме понеделнички на координација веќе во вторник не важи“, вели Мицевски.

Во изјавата тој најавува дека нивната пратеничка група ќе продолжи со активната блокада во Собранието, но нема да ги кочи законите кои се во интерес на граѓаните.

Со оглед дека не сакаат да присуствуваат на понеделничките консултации, на прашањето како ќе се договараат за работата и функционирањето на Собранието и дали имаат неформални средби со Џафери, Мицевски рече дека за тоа ќе се договараат претседателите на комисиите и пратениците, кои редовно се информираат меѓусебно.

На изјавата на Мицевски реагираа од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот