Влошена здравствената состојба на легендарниот Франц Бекенбауер

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Здравествената состојба на легендарниот германски фудбалер и тренер Франц Бекенбауер се влошила, потврди неговиот син Валтер.

„Не се чувствува добро. Ако би ви кажал дека е добро, ќе ве излажам, а јас не сакам да лажам. Здравјето му е многу нестабилно. Секој шок по неговото тело може да биде датален. Не може и самостојно да носи одлуки, памтењето му е оштетено“, изјави Валтер.

Славниот Бекенбауер на 11-ти септември ќе наполни 78 години, а во кариерата како играч стана Светски шампион во 1974 година, но Мундијалот го освои и како тренер во 1990 година.

Токму поради здравствената состојба Бекенбауер не се појави на собирот на поранешните членови на репрезентацијата на Германија од 1990 година кој се одржа на 9-ти јули 2023 година.

Исто така не беше во можност да отпатува во Бразил на погребот на неговиот пријател Пеле.

„Сакав да можам тоа да го направам, но моето здравје не дозволува така долг лет. Во срцето ќе го испратам последното патување на мојот пријател“, изјави тогаш Бекенбауер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот