Фото: Википедиа

Властите сѐ уште не знаат кој отровен гас ги труе жителите на Карачи

Во истекување на отровен гас досега во Карачи починаа девет лица, а стотина се заболени, соопшти денес пакистанската полиција.

Новите четири смртни случаи со кои бројот на починати е зголемен на девет предизвика паника во Карачи и загриженост дека ситуацијата е надвор од контролата на градските власти, кои не успеале да го идентификуваат изворот на истекувањето, ниту врстата на гасот. Сепак, официјалните лица ги одбиваат сомненијата за саботажа.

Стотина лица од неделата вечер се заболени, кога во населбата Камари на брегот првпат беше зафатена од гас без мирис кој предизвикува сериозни проблеми со дишењето, а луѓето одеднаш започнаа да се јавуваат во локалните болници.

Властите соопштија дека имале намера до вторник навечер да ги евакуираат жителите на Камари, населба која се наоѓа најблиску до главното пристаниште во Карачи.

Шефот на локалната полиција Адил Малик рече дека првично околу 150 лица се јавиле во болниците со исти симптоми, а иницијалната бројка од пет смртни случаи, набрзо се искачила на девет лица.

Од болницата е соопштено дека повеќе од 650 лица добиле помош досега, а сите заболени се жители на населбата Камари. Немало пријавени случаи на труење во самото пристаниште.

Официјалните лица во пристаништето во Карачи тврдат дека немало никакво истекување на гас од нивните постројки.

Карачи е најголемиот град во Пакистан и трговски центар на таа земја. Во близина има рафинерија на нафта, а исто така сместен е и главниот објект на пакистанската воена морнарица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот