Фото: Икс/Владо Георгиев

Владо Георгиев ограбен среде Скопје: Им посакувам сè „најубаво“ на крадците што ми украдоа сè од автомобилот!

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за непријатната ситуација во која се нашол.

Имено, пејачот го оставил автомобилот на паркингот во трговскиот центар, а додека купувал работи во продавниците – крадците му зеле è од неговото возило.

„Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар ‘Дајмонд; во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“, напиша иронично пејачот на Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот