Владимиров: Новата администрација на САД ќе ја помага евроинтеграцијата на С Македонија

Знамињата на ЕУ / Фото: Архива

Новата администрација на САД ќе ја следи и помага евроатлантската интеграција на Северна Македонија, а во тој контекст ќе го постави и прашањето за бугарската блокада на приклучувањето на Скопје во ЕУ, оценува Владимир Владимиров, експерт за балкански прашања и координатор на секторот за јавни комуникации и јавни работи на партијата „Републиканците за Бугарија”.

– Претседателот Џо Бајден е исклучително добро запознаен со состојбата во Источна Европа и на Балканот. Една од точките на кои ќе се фокусира новата администрацијата во Белата куќа ќе биде зајакнувањето на источното и на јужното крило на НАТО и ЕУ. Сигурно ќе се дојде и до прашањето за ветото на Бугарија за Република Северна Македонија. Ќе има многу дипломатски рагзоори на таа тема и за тоа дали стратешките интереси на регионот треба да бидат заложници на домашните политички игри и дали Красимир Каракачанов ќе успее да влезе во следниот Парламент?”, изјави Владимиров за бугарската ТВ+ и ТВ.

Доналд Трамп ги водеше САД како корпорација, но сега, наведува бугарскиот аналитичар, во Белата куќа дојде долгогодишен професионален политичар со огромно искуство.

– Мислам дека ќе имаме појасни и посилни пораки од новата американска администрација. Многу важен момент е Македонија, која е една од ретките европски земји што има договор со САД за стратешко партнерство, вклучително и воена поддршка, уште пред да стане членка на НАТО. Еден од интересите што САД ќе го следат и ќе го помогнат е евроатлантската интеграција на Македонија, вели Владимиров.

Во контекст на регионалната политика и позициите на Софија и Бeлград кон Скопје, тој смета дека темата С.Македонија е премногу важна и за Србија и за Бугарија, а за тоа сигурно се разговарало и за време на неодамнешната посета на српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ на Бугарија.

– Србија сигурно има некаква понуда за Бугарија и Северна Македонија сигурно беше тема на разговор, рече Владимиров.

Тој го поставува и прашањето за рускиот логистички и хуманитарен центар во Ниш, кој според него, не е ништо помалку од разузнавачка база, оддалечена помалку од 100 километри воздушна линија од границата со Бугарија.

– Кон кого е насочена оваа база? Министерката Екатерина Захариева треба да праша и за новите руски и кинески оружја што пристигнуваат во Србија, дали е распоредено на границата со Бугарија. Нема одговор на тоа прашање, вели Владимиров.

Според него, Србија има големо политичко, економско и воено-разузнавачко влијание во Северна Македонија.

– Тие контролираат големи политички и економски кругови, а за нив најважното прашање е поврзано со Косово. Доколку Бугарија ја повлече поддршката за Косово, тогаш Србија може да и помогне во спорот околу Северна Македонија, изјава бугарскиот аналитичар и експерт за балкански прашања Владимир Владимиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот