Владата одобри да се намали бројот на членови во управните и надзорните одбори

На 99-тата седница го усвоивме Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори, како една од мерките од Планот за борба против корупцијата. Со предложеното законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува на 7 членови во јавните претпријатија чиј основач е Владата, Градот Скопје и општините во кои живеат над 50.000 жители, како и на управните одбори на меѓуопштинско јавно претпријатие, а управните одбори на јавни претпријатија основани од општина во која живеат до 50.000 жители се намалува на 5 членови. Бројот на членови на надзорните одбори се намалува на 3 членови, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

„Дополнително со измените се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот и се воспоставува целосна транспарентност при постапката за избор на членовите, како и мерит процедура при селекцијата и именувањето. Според законското решение, за првпат станува законска обврска објавувањето на јавен повик за членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и тоа на веб-страните на Владата, односно општината или Градот Скопје и на веб-страната на самото јавно претпријатие и тоа три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот состав“, напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот